„Подобро за Тетово“ поднесе листа со кандидати за советници – се собираат потписи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ денеска ја поднесе листата со кандидати за советници на Општина Тетово во Државната изборна комисија.

Носителот на листата Хамди Сулемани истакна дека листата е составена од 31 кандидат.

„Според изборниок законик, ние како листа треба да собираме 350 потписи од страна на гласачите во општина Тетово. Потписите можете да ги давате во канцелариите на Државната изборна Комисија, во просториите на општина Тетово“, додаде Сулемани.