Доставени се барањата на три енергетски компании до РКЕ за цената на електричната енергија. АД МЕПСО бара покачување на цената од 29,75%, ЕСМ бара намалување на услугата за 2,8% а ЕВН Хоум бара поскапување на цената за 5% за снабдување со електрична енергија. РКЕ следниве денови ќе ги разгледа сите барања на компаниите, и доколку ги прифати, по 1 јануари струјата ќе поскапи од 3,5 до 4 отсто. Секако, зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 проценти останува, па тоа дополнително ќе влијае со 4,72 проценти во крајната цена за потрошувачите.
Бислимовски вети дека тарифата за дистрибуција ќе се намали и со тоа ќе им се помогне на домаќинствата и компаниите што се на слободниот пазар.
Бислимовски рече дека што се однесува до евтините тарифи, домаќинствата ќе бидат навреме известени за тоа како ќе се движат цените.
