Покрај моловите и шопинг центрите, од утре се отвораат центрите за едукација, автошколите и обложувалниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата го донесе планот за попуштање на рестриктивните мерки како процес кој ќе се одвива во три фази согласно развојот на епидемиолошката состојба. Првата фаза е тековно функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење. Втората фаза како транзициона фаза е иницијално воспоставување на работните активности со почиттување на препорачани мерките и стриктни протоколи за работа во услови на превенција и спречување на појава и ширење на Ковид-19. Третата фаза предвидува потполно враќање на редовниот работен процес со почитување на основните мерки за одржување лична хигиена и физичко дистанцирање.

Ова го соопшти премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во Владата, кој информира дека низ повеќе фази ќе се спроведува намалувањето на рестрикциите во новото секојдневие, а меѓу секоја фаза ќе следи преглед и проценка на актуелната ситуација и одново одлука дали се исполнети условите да се продолжи олабавувањето на мерките во секоја следна фаза.

– Сите следни чекори кон новата нормалност ќе зависат од три кртиериуми. Прво дали паднемијата е ставена под контрола, второ дали здравствениот систем е во состојба да се справи со појавување повторно на случаи и трето дали системот за надзор на јавното здравство може да ги открие и да управува со случаите и контактите и да идентификува повторување на случаи, рече Спасовски.