Пола свет „затворен“, а во Вухан забави и журки во ноќните клубови (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И додека пола свет е „затворен“ поради зголемениот број на случаи со коронавирус, во Вухан е сосема друго. Во градот од каде што почна оваа голема пандемија, сега се прават забави, се живее нормално.

Вухан нема пријавено локална трансмисија од 10. мај. Отворени се ноќните клубови, додека истовремено такви забави остануваат невозможни во останатиот дел од Светот. И нема да биде во блиска иднина.

Сцените кои се моментално во „епицентарот на коронавирусот“, се незамисливи во другиот дел од Светот. Младите жители на Вухан уживаат во ноќните излегувања, гужви, дружења, забави.

Многу земји на вакви сцени се надеваат во 2021 година, после воведување на вакцината против Ковид-19.