Панемијата од коронавирусот во Светот доведе до затворање на сите училишта, факултети, градинки, продавници, хотели, ресторани… Иако тоа не е случај со неколку земји како Шведска, сепак, и други европски земји од идната недела веќе почнуваат да ги укинуваат забраните.
Така луѓето од Чешка може да почнат да играат некои спортови, како што се тенис и пливање каде што има социјална дистанца.
Австрија после Велигден планира да ги отвори продавниците поголеми од 400 метри квадратни, но во нив купувачите ќе мора да носат маски и да држат растојание. Исто така и јавниот превоз ќе може да се користи исклучиво со носење на маски и држење дистанца. Од 1. мај е планирано отворање на трговските центри и фризерските салони, додека рестораните и хотелите ќе се отвораат кон средината на мај.
Данска ќе ги отвори градинките и училиштата од следната недела ако бројот на заразените остане стабилен, додека Норвешка идната недела ќе ги отвори исто така градинките, и улилиштата за деца од малите одделенија.
Светската здравствена организација пред неколку дена соопшти дека прераното укинување на мерките може да биде фатално, и предупреди тоа се прави постепено, и само доколку има услови.
