Поликлиниката во Сарај се ближи кон крајот – жителите скептични, градоначалникот уверува дека ќе се отвори за неколку месеци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова се просториите на објектот на поликлиниката во Сарај, каде ќе се третираат пациентите од овој дел од градот. Вака изгледа однадвор зградата која се простира на површина од  1.500 метри квадратни.

„Градежните активности за поликлиниката во Сарај, судејќи по овие снимки, се при крај. Поликлиниката ќе опслужува околу 45 илјади жители од овој дел од градот“, вели репортерот на ТВ21

Жителите долго време чекаат да добијат медицински центар, но некои од нив пред камерата на ТВ21 велат дека се скептични и не веруваат оти изградбата ќе заврши наскоро.


-Дали сте задоволни што поликлиниката се гради тука?

„Да, сме, но и не сме. Само Господ знае кога ќе заврши. Немаат ниту вода во очи“.

-Мислите дека ќе задоцни?

„100%“.

„Имавме потреба како села на општина Сарај, да добиеме поликлиника“.

-Каде се лекувате сега?

„Во скопските болници. Сега ова ќе биде големо олеснување за нас“.

Имаше и граѓани кои не ни знаеја дека во нивното село се гради поликлиника:

Министерот за здравство, Беким Сали, вели дека постапката за јавна набавка за немедицинскиот дел од поликлиниката ќе завршат за месец и пол.

„Поликлиниката во однос на изградба заврши како проект. Сега ја почнавме постапката за јавната набавка за немедицинскиот дел на поликлиниката. Во постапка сме, но верувам дека ќе трае минимум месец и пол“, посочи Беким Сали.

И градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, рече дека сите преостанати фази ќе завршат во рок од 45 дена, по што поликлиниката ќе биде пуштена во функција. Според него, по неколку месеци ќе биде на располагање за пациенти.

„Почна постапката за медицинскиот и другиот персонал, значи од Здравствен дом по законски пат до Фондот за здравствено осигурување. Исто така треба да ги помине филтрите и во Министерството за финансии и за здравство. Најмногу 45 дена. Се надевам и верувам дека ќе бидат завршени и порано, но ова е конечниот рок кога треба да бидат завршени. И општината го иницираше другиот дел за физичка поделба на градежното земјиште. Сите работи се при крај“, вели Блерим Беџети.

Во февруари 2019 година, градоначалникот Беџети заедно со поранешниот заменик-министер за здравство Асим Муса, пред жителите ветија дека наскоро ќе добијат поликлиника. Градежните активности требаше да стартуваат истата година, но беа одложени, а причина за тоа, според надлежните власти, беше состојбата со пандемијата. Оваа амбуланта ќе опслужува речиси 45 илјади жители од овој дел од градот, кои немаат на располагање ниту една поликлиника во нивната општина. Најблиската се наоѓа во општината Ѓорче Петров.