Зборувајќи за можното влегување на Алтернатива во влада, аналитичарот Арбен Раткоцери синоќа во Клик Плус потсети за тоа како за време на владеењето на Заев беа затворени големи прашања за државата, се релаксираа меѓуетничките односи, додека и екс функционери од владата на Груевски отидоа во затвор, а сега Зоран Заев го моли Гаши за бројки за мнозинство.
„И доаѓа време кога доаѓа во комична позиција во која е условен да го моли Гаши или Арјанит Хоџа за да формираат Влада“, вели Арбен Раткоцери.
ТВ21-Нема ништо лошо, бројките го прават…
Арбен Раткоцери: Демократијата е бројка на крајот на краиштата…
ТВ21: Да, значи…
„Затоа и овој мој епитет, дека е атипичен премиер. Шансата за Алтернатива политички е добра, но не и морално. Политички би било наивно, не зборувам за морално, да не ја искористи, меѓутоа морално е многу ниско“, додава Арбен Раткоцери.
И аналитичарот Ваљон Беља ја нарече смешна актуелната ситуација, кога Владата се обидува да ја добие Алтернатива, која пред неколку недели беше подготвена да ја урне владата.
„ДУИ и ДПА ја нарекоа дури и фашистичка коалицијата и фотографиите таму, а сега еден од фашистите се приклучуваат таму, смешно е сега како ќе го оправдаат тоа. Второ, што е многу болно е што сега на Алтернатива веќе никој нема да и верува“, додава Ваљон Бела.
Зборувајќи за преживувањето на оваа влада, аналитичарот Раткоцери рече дека таа ќе трае толку колку што ќе сака ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
