Полицајците стационирани на секое ќоше од Скопје – за 1 недела казнети над 6.000 граѓани!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните за да ги избегнат казните почнаа да возат внимателно, ги почитуваат сообраќајните правила. Но полицијата секој ден е стационирана на одреден пат во неколку општини на државата за да ги казни несовесните граѓани.

Но има и такви кои не ги почитуваат законите а за тоа се доказ изречените казни кои МВР ги објавува во дневниот извештај.

За една недела, односно од 26 октомври до 1 ноември за поминување на семафор преку црвено светло се казнети 99 лица, а казната изнесува 300 евра. Што значи за една недела за ова намена се инкасирани околу 30 илјади евра.

За непочитување на одредената брзина, односно за надминување на брзината се казнети 180 лица, предвидената казна се движи од 10 до 400 евра. Просечно за ова намена се инкасирани 36 илјади евра.

За не поседување на возачка дозвола се казнети вкупно 640 лица, а казната изнесува 300 евра. Тоа значи за ова намена се собрани  192 илјади евра.

Најмногу казни од полицијата се изречени за не носење маски, а минатата недела се казнети 5.719 лица. Казната изнесува 20 евра, а доколку се плати во рок од 8 дена, тогаш е 10 евра. Просечно за не носење маски се инкасирани 85 илјади евра.

Доколку ја пресметаме вкупната сума на овие прекршоци, тоа се 350 илјади евра или 6 милиони денари од околу 6 илјади казнети лица.

Акции од засилени контроли нема само во Скопје, туку и во другите градови. Според МВР целта не е да напишат што повеќе казни туку да се подигне нивото на култура и безбедност во сообраќајот. За да се избегнат интервенции за бришење на казните, донесени се полициски службеници од другите градови. Ваквите акции почна од 15 септември и не се знае до кога МВР ќе работи со овој интензитет.