Доцна вечерва до претседателството на ИВЗ биле испратени соопштенија од страна на муфтиите и хоџите во кои пишувало дека полицијата им се јавувала и се обидувала да влијае врз нив да не го клањаат намазот на Фитр Бајрам.
Во Фејсбук статсот кој доцна вечерва го објави ИВЗ меѓудругото се вели дека во некои од џамиите влегла и полицијата за да врши притисок.
Додаваат дека во врска со овие дејствија поседуваат и изјави од имамите и од останатите вработени лица, вакви сличаи биле забележани низ цела територија на земјата, а најповеќе во Скопје.
„Сметаме дека на овој начин се кршат основните принципи на секуларна држава што се гради, меѓу другото, за почитување на верските слободи и права. Уште еднаш потенцираме дека ИВЗ ќе остане на својата одлука за намазот на Фитр Бајрами да се прави во џамијата која ќе трае само 15 минути, водејќи максимално внимание на почитување на правилата и проколот за заштита“, велат од ИВЗ.
