Познатиот бизнисмен Орце Камчев е спроведен во полициска станица, откако Агенцијата за национална безбедност го вклучила алармот и соопштила информации до обвинителството, дека се подготвува за бегство.
Од Обвинителството велат дека ќе побараат и мерка притвор во рамки на истрагата „Плацевите на Водно“ во која е инволвиран и самиот Камчев.
Попладнево тој се очекува да биде изнесен пред судија на претходна постапка, која ќе одлучува по барањето на Обвинителството за мерката притвор.
Камчев утре требаше да оди во обвинителството за да се подготви како сведок на обвинителството во случајот Меѓународен сојуз.
