Полицијата го уапси возачот на автомобилот кој со голема брзина удри во неколку лица на пешачка зона во Трир (видео)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата го уапси возачот на автомобилот кој со голема брзина денеска удрил и повредил неколку лица во пешачка зона во германскиот град Трир, во западниот дел на земјата.

На видеото може да се види и темно сивиот Range Rover, кој бил користен во нападот, а наводно полицијата морала да го удри возилото со друго возило за да го запре.

Во овој инцидент најмалку две лица загинаа, а 15 други се повредени, изјави за локалните медиуми Волфрам Леибе, градоначалникот на Трир.