Полицијата приведе двајца од Скопско, во возилото им се пронајдени и одземени ловечки пушки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера пред полноќ на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец во Општина Сарај, од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.С.(54) од с.Сарај и Р.С.(58) од с.Крушопек.

“При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.