Полициска интервенција за градежни активности во црква: Граѓаните бараат одговорност од градоначалникот на Врапчиште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првично на социјалните мрежи се појави видео снимено околу црквата Света Петка во селото Топлица, Врапчиште. На видеото се гледа багер и полиција околу црквата. Тој кој што го снимил видеото тврди дека тој и останатите биле спречени во чистењето и реновирањето на црквата и дека полицајците “добиле наредба од обвинител“ за апсење на сите.

Потоа од црквата, граѓаните се упатија кај општина Врапчиште пред вратата на градоначалникот Исен Шабани.

Но, Јавното обвинителство соопшти дека „јавниот обвинител нема издадено наредба за приведување или апсење на ниту едно лице“. Станува збор за пријава поднесена од општина Врапчиште за забранети градежни активности во близина на магистрален пат.

Од СВР Тетово велат и дека на 09.09.2024 година полицијата излегла на терен по пријава од инспекторот за урбанизам на општина Врапчиште. При увидот разговарале со граѓаните кои го чистеле дворот на црквата и околината на објектот.

„Во овој процес од присутните граѓани не се одземени предмети и не е извршено ниту едно апсење. За настанот е известено надлежното обвинителство“ – велат од МВР.