Полициски час во Тетово – во центарот на градот се почитува, во околните населби делумно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицискиот час во Тетово се почитува само во центарот на градот, додека во околните населби можат да се забележат граѓани кои се движат по улиците, но има и такви кои работат. Не сакаа да говорат пред камера, но велат дека им е здодевно дома и дека сакаат да прошетаат надвор, особено кога времето е сончево.

„Во последните 24 часа, 10 граѓани го прекршиле полицискиот час, додека откако Владата донесе одлука за задолжително носење маски, околу 300 граѓани добиле само опомена, а 122 други заработиле соодветна пријава“, истакна репортерот на ТВ21.

Инаку, во Тетово и околните општини во изминатото деноноќие регистрирани се 5 носи случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се искачи на 176. Досега 80 пациенти се оздравеле, а 16 ја загубија битката со вирусот.

БРОЈ НА ЗАРАЗЕНИ ВО ТЕТОВО
-Општина Тетово – 84 заразени (6 починати)
-Општина Боговиње – 47 заразени (6 починати)
-Општина Теарце – 18 заразени
-Општина Брвеница – 15 заразени (1 починат)
-Општина Јегуновце – 5 заразени
-Општина Желино – 7 заразени (3 починати)

Новите случаи кои се регистрирани денеска се од Порој, Џепчиште, Слатино и Брвеница. Во Тетово 179 граѓани се во изолација и 7 во самоизолација.