Полициски службеници од хеликоптерската единица и САЕ Тигар успешно евакуираа повредено лице од Шар Планина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска (07.03.2026) полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со САЕ Тигар успешно спасија и евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина.

Имено, по добиен повик во претпладневните часови, тим од хеликоптерската единица веднаш полета со тим од САЕ Тигар и успешно го презема повреденото лице, италијанска државјанка во тешки услови од непристапен терен.

Повреденото лице успешно беше транспортирано до Клинички центар “Мајка Тереза” за укажување на помош.