Полициските службеници не смеат да ги препраќаат граѓаните! Тошковски повикува да се пријават случаите на одбивање на документи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доколку сте добиле казна од полицијата и одите на шалтер за да ја пријавите, службениците таму немаат право да ве препраќаат на друго место!

За реакциите на многу граѓани слушнал и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, па изјави дека полициските службеници немаат законско право да бараат од граѓаните да се пријавуваат на друго место.

Во вакви случаи, како што појасни, граѓаните можат да ги пријават проблемите преку линијата на МВР. Потоа ќе се провери работата на полициските службеници и ќе се преземат понатамошни мерки за оценување на нивната работа.

– Ниту еден полициски службеник нема право да му одбие на граѓанин дел од неговото барање за поднесување конкретна документација, ниту еден! Тие немаат такво право по закон да му кажат на граѓанинот: почитуван, не сте тука, туку на друго место. Должни се да ги примат документите што ги доставуваат, а потоа во рамки на службите на Министерството за внатрешни работи ние ќе треба да ги следиме, да преземеме наши активности и навреме да ги информираме граѓаните за тоа што сме одлучиле и како сме постапиле, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Во однос на лажните пораки што граѓаните ги добиваат од странски броеви, наводно за сообраќајни прекршоци, Тошковски изјави дека овие пораки лесно можат да се препознаат по бројот од кој се испратени.

– Граѓаните треба да бидат внимателни од кого ја добиваат оваа порака. Како и секогаш, пораките што доаѓаат од сомнителни броеви, односно од чудни адреси, содржат сомнителни информации и не се испратени од официјална адреса на министерството, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

До крајот на годината, министерот увери дека системот „Safe City“ ќе биде поставен низ целата држава, нагласувајќи дека во секој град каде што ќе се исполнат условите, системот ќе биде пуштен во употреба, со што постепено ќе се покрие целата држава.