Помали плати за наставниците кои нема да се вакцинираат во Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грција планира да им ја намали платата на наставниците кои од било која причина нема да се вакцинираат или редовно да се тестираат пред да се вратат на часови. Покрај тоа најавени се и други дисциплински мерки во согласност со министерската одлука.

Новите прописи изготвени од Министерството за образование, се однесуваат на сите администратори и наставници кои се вработени на неопределено време или под договор.

Покрај намалувањето на платата, персоналот може да биде суспендиран од должноста и да остане без плата до вакцинацијата, додека на оние кои се привремено вработени ќе им бидат суспдендирани договори.