„Помогнете ни и нам кои се грижиме за ваши пријатели, родители, баби и дедовци – најблиските“, вели Стаменковска од Инфективна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ангела Стаменковска од Инфективната клиника со порака за успешно справување со коронавирусот. Апелира да се помогне на докторите.

„Помогнете ни и нам кои сме во првите борбени редови грижејќи се за нашите и ваши пријатели, родители, баби и дедовци – најблиските. Да бидеме совесни, да носиме маска, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Преку грижата за себе и сопственото здравје да им помогнеме на сите околу нас. Продолжуваме да го даваме својот максимум за грижа на сите пациенти“, вели Ангела Стаменковска (29), специјализантка по Инфектологија на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.