Помош од државата, но под одредени услови, функционерите на минималец, административците не

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Една од пакетот мерки е финансиска поддршка за претпријатијата за исплата на плати за вработените во висина од 14.500 денари. Минимална плата за април и мај ќе биде обезбедена и за спортските работниции и за самостојните уметници, како и придонесите на плата.

Мерките се креирани во консултација со членовите на Економскиот совет и низ разговари со деловната заедница преку стонанските комори, како и со академската заедница и стопанственици од реалниот сектор.

Но, за да се користи мерката, ќе треба да се исполнат одредени услови.

„Да не исплаќаат дивиденди на сопствениците, како и бонус, годишни награди, награди за деловна успешност…Да имаат најмалку 30 проценти намалување на приходите споредено со просекот од минатата година, сезонскиот просек, за работодавачите кои вршат сезонска дејност….Финансиската поддршка не се однесува на оние вработени кои за месеците декември 2019, јануари и февруари 2020 примиле нето плата повисока од 39.900 денари…Работодавачите што ќе добијат финансиска поддршка од оваа мерка имаат обврска истиот број на вработени кои што ги имале во моментот на аплицирање да го задржат заклучно со септември 2020. година“, рече Спасовски.

Минималната плата од 14.500 денари ќе примаат во април и мај сите избрани и именувани функционери.

-Никаде во говорот, ниту има одлука на влада, не сум спомнал дека јавниот сектор оди на минимална плата….Сите избрани и именувани функционери на државата. Од претседателот, па до најниско ниво, директори на централно, на локално ниво ќе одат на минимална плата. Затоа што сметам, и јас и владата, дека ако треба да направиме солидаризирање, тогаш ние треба први тоа да го направиме.-рече Спасовски.

Но, иако Заев, кој е претседател на владејачката партија, најавуваше дека вработените во администрацијата ќе добиваат минималец во наредните два месеци, сепак засега тоа не се случи. Голем противник на ова беше владиниот партнер ДУИ. На прашањето кој ја добил битката, министерот за економија Крешник Бектеши, вели тука нема победници и губитници.

-Ние како ДУИ сме го кажале нашиот став, како што го кажале сите политички партии. Ние како економски тим на владата предвидеба од претседателот на владата предводен од Спасовски, сме ги земале предвид сите предлози, не само на политичките партии, туку и на стопанските комори и невладините организации-изјави Бектеши.

Сите граѓани кои ќе останат без работа поради кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот, од државата ќе добиваат надомест во висина од 50 проценти од нивната месечна плата во измината година. Времетраењето на исплатата на надоместокот ќе зависи од должината на работниот стаж на работникот. Надомест од седум илјади денари по домаќинство ќе има за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформалната економија.

Се запира и Законот за извршување, а извршителите не ќе можат да преземат никави извршни дејствија.