Јелена и Марија Чокрева се снаа и золва, едната 29 а другата 23 годишна, млади претприемнички на бизнис со пилатес. Двете аплицирале за владината мерка за вработување и почнале свој бизнис. Јелена Чокрева вели дека почетокот на приватен бизнис е одговорност и голем предизвик, но ние успешно ги менаџираме секојдневните предизвици.
Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска вели дека овој план им дава можност на младите да бидат сами свои газди и да помогнат во намалување на невработеноста во земјава.
Од Агенцијата за вработување, Билјана Ивановска вели дека младите се интересираат за оваа мерка. Само за една недела има над 1200 апликации и доколку има поголем интерес, таа додаде дека државниот буџет ќе обезбеди дополнителни средства за реализација.
Дополнителната заменик министерка за труд и социјална работа, Санела Шкриељ вели дека половина од младите кои аплицирале за мерката за вработување, се жени и во моментов е отворен повик за грантови за самовработување и ги повика да аплицираат за оваа мерка. Последниве две години започнати се околу 2500 микро бизниси.
