Помошта на ранливите категории граѓани ќе се исплаќа директно на транскациски сметки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорната на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес конференција во Владата истакнаа дека ранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања средства од помошта во рамки на четвртиот пакет мерки ќе ги добиваат директно на транскациски сметки, а не на платежни картички како што беше претходно.

Целта на ваквата одлука е да се намалат турканиците на шалтерите, со што ќе се придонесе за грижата за здравјето на овие лица во услови на ковидкризата.

Бесими појасни и дека на овој начин ќе се поедностави начинот на испаќање на средствата од помошта, а воедно ќе се намалат и трошоците кои би биле потребни за изработка и издавање на нови картички.