Пописот на населението повеќе од еден час е во прекин поради пад на интернет врската. Првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симоски, за Сител, кажа дека во координација со интернет провајдерот се прават напори да се воспостави врската и да продолжи пописот.
-Околу еден час нема интернет и е оневозможено попишувањето. Нема проблем во апликацијата со која се спроведува пописот, туку проблемот е во интернет конекцијата, вели Апостол Симовски, Директор на ДЗС.
Пописот започна вчера и според податоците од Државниот завод за статистика, досега биле попишани близу 100 илјади граѓани.
