Пописот, мета за нишанење во политиката, и власта и опозицијата со апел за разумност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пописот на населението е статистички процес, но во Северна Македонија се користи за политички препукувања.

Пред неколку дена опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека коалициските партнери, Заев и Ахмети веќе се договориле за резултатите од пописот и дека е наместено Албанците да бидат 32%.

На прашањето на што се базира ова, денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го избегна прашањето, а не одговори директно дали ќе повикаат на бојкот.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ е пописот да се одложи поради пандемијата и поради отисоците од прст. Доколку предлог-законот не се повлече, Арсовски најавува со петиција да започнат иницијатива за поништување на законот.

Премиерот верува дека во најкус можен рок законот ќе се изгласа и поради активностите што следат, а изрази жалење што е оневозможено онлајн учество на заразените пратеници. Ја обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ за неразумност и неодговорност.

Евентуалните апелирања за бојкот на пописот, Премиерот ги гледа како туркање на граѓаните кон одговорност, бидејќи следуваат казни за одбивање на попишување..

Сите овие препукувања на власта и опозицијата, албанската опозиција ги гледа со други очи.

„Јас имам друга дилема, да не е некој договор меѓу ВМРО и СДСМ законот за попис, ВМРО да прави гужва, а од друга страна нас Албанците да не’ “заспие“.“, рече Снопче.

Иако имаат критики, коалицијата АА-ААА изјави дека ќе гласа за законот.
Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски синоќа во Клик Плус говореше за главниот ризик за неуспех на пописот на населението.

Актуелниот предлог-закон за попис се уште чека на гласање во Собрание. Последен пат кога имаше шанса да се гласа, немаше кворум од 61 пратеник. Се уште не се знае на која седница ќе се гласа истиот. Пописот е предвидено да се спроведе од 1 до 21 април 2021.