Денес попладне, како и во следните два дена ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика позначителен пад на температурите, така што дневните ќе опаднат за 7-10 степени во однос на денешната, а утринските од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нулата.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Претплaдне сончево со мала до умерена облачност, преку денот сончево и посвежо. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Прогноза за 01.03.2021
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Претпладне сончево и свежо со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Прогноза за 02.03.2021
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
Прогноза за 03.03.2021
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Претежно сончево со слаб ветер од северен правец.
