Научниците знаат дека солидна количина на сон е пресудна за целокупната работа на организмот, а според новите истражувања, попладневното спиење може да ви ги подобри вербалните вештини, памтењето и да ги ублажи воспаленијата.
Студијата објавена во списанието „General Psychiatry“, открила дека попладневната дремка може да помогне во вашата ментална активност. Откриле дека одморот сред ден може да ги засили целосното памтење.
Истражувачите проучувале 2214 здрави лица, постари од 60 години во кинеските градови Пекинг, Шангај и Чиан. Открили дека 1534 рутински дремеле попладне, додека 680 останале будни. Иако двете групи спиеле просечно по 6,5 часа во ноќта, тие кои спиеле попладне добиле помеѓу пет минути и два часа додатен сон секој ден.
Секој учесник минал низ здравствени проверки пред и после испитувањето. Резултатите покажале дека оние кои спиеле и преку ден, имаат подобри резултати.
