Мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево покажуваат дека еден од најзагадените градови во Македонија е Кочани со измерени 234 mg/m3.
По него следуваат четири скопски населби – Центар со измерени 218 mg/m3, Лисиче со 215 mg/m3, Гази Баба со 208 mg/m3 и Карпош 184 mg/m3.

Мерните станици покажуваат дека и во Куманово воздухот е високо загаден, односно 170 mg/m3.

