Попова Шапка преполна со туристи, хаос со паркингот, посетителите пешачат 3 километри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попова Шапка останува едно од најомилените туристички места во земјата. Снегот од 40 сантиметри привлече туристи од многу места, посебно љубители на зимските спортови.

Но, поради недостигот на паркинг места, туристите пешачат над 3 км за да стигнат до скијачките патеки.

„Туристичката сезона според бројот на туристи во Попова Шапка почна добро а и годинава проблем претставува недостигот на паркинг места. Досега пешачевме 2 км, а за да стигнеме до паркираните автомобили долу, треба да пешачиме уште еден километар.“, вели репортерот на ТВ21.

На 15 декември ќе се пуштат во употреба жичарите, со што се очекува бројот на посетители уште повеќе да се зголеми.

Некои туристи велат дека Попова Шапка останува нивно омилено место во зима, но сепак потребни се инвестиции.

Природните патеки во Попова Шапка се едни од најдобрите во Европа, но недостигот на инвестиции за вештачки снег е причина тие да не бидат искористени ниту еден ден од скијачите.

Денеска поради недостигот на паркинг, многу граѓани се вратија назад.