Мерките се олабавуваат, а граѓаните се опуштаат , но дали тоа треба да биде така. Ги анализиравме бројките објевени официјално од институтот за јавно здравје. Започнуваме со бројот на починати лица, ги поделивме по недели од почетокот на пандемијата во нашата држава. Во првата недела имавме само четири починати лица од Ковид-19, а пикот е достигнат во шестата недела каде само во еден ден имавме шест смртни случаи, а пикот во таа недела изнесува 23.

Моментално сме во деветтата недела, поделено од првиот регистриран случај, па така за само три дена имаме осум починати лица, што значи според овие информации, нема место за опуштање.

Ги анализиравме и податоците од светската здравствена организација, односно направивме и споредба со нашите соседи на починати лица, на еден милион жители. Па така Макеоднија може да ја ставиме во ист кош со Турција бидејќи бројот на починати лица на еден милион жители е речиси идентичен, Македонија 51, а Туријца 50 лица. Доколку пак направиме споредба со нашите соседи: Србија, Албанија, Бугарија и Грција, тука најповеќе има во Србија со 26, следува Грција и Бугарија со 16 и последна на листата е нашиот сосед од запад, Албанија со 11 починати лица на 1 милион жители. Колку за споредба, ја ставивме во листа и Германија, каде на 1 милион има починато 97 лица.

На следната графика ги анализиравме бројот на новозаразени во споредба со бројот на тестирани лица по дневно ниво. Па така на почетокот од месец мај, на 01.05 имавме 362 тестови направени, а регистирани 29 лица. Потоа трендот опаѓа на направени тестови на дневно ниво, но опаѓа бројот на новозаразени лица. Пикот се достигнува кон крајот на месец мај, започнува и скрининг процесот па така на 19.05 имавме направно рекордни 533 тестови, но бројката на заразени не драстично се зголеми, односно остана линерално како и во изминтата недела. На 19.05 имавме 22 новозаразени лица со Ковид-19.

Направивме и анализа на бројот на тестирани лица процентуално со бројот на новозаразени, па така на почетокот од месец април, пикот е достигнат на 04.04.2020 кога од бројот на направени тестови на дневно ниво, дури 19% биле позитивни од вкупно тестираните лица. Потоа тој раст опаѓа кон средината и крајот на месец април, за почетотко на месец мај повторно да имаме зголемување на податоците. Па така на 11.05 се регистрира нов пик на новозаразени процентуално од вкупниот број на направени тестирања на дневно ниво, па така на 11.05 регистрирани се 15% од вкупниот број тестови. Во текот на вчерашнито ден од вкупнито број нешто над 4% се позитивни на Ковид-19.
