Поради контакт со позитивно лице, Арбреша Реџепи нема да го носи македонското знаме на ОИ во Токио

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од Македонскиот олимписки комитет преку соопштение истакнуваат дека Арбреша Реџепи нема да може да присуствува на церемонијата на отворање на Олимписките игри Токио 2020.

Од таму велат дека тоа е поради близок контакт со лице позитивно на ковид-19.

Тие додаваат дека со самото тоа Реџепи, заради правилата на ИОК, нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето.

„Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и секако ќе има право да настапи на Олимпискиот џудо турнир на Олимписките игри ТОКИО 2020“, посочуваат од таму.

Инаку Арбреша Реџепи во првото коло на Олимпискиот џудо турнир ќе се бори против Жил Челзи, од Велика Британија.