Поради снеговите, на северот на Грција се затвораат училишта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Врнежи од снег го зафатија северниот дел на Грција, а има ограничувања за тешки товарни возила, додека дел од училиштата се затворени.

Забрането е движење на камиони на 3,5 тони на делницата од автопатот Лангада – Серес – Промахонас, како и на другите патишта. Употребата на зимска опрема е задолжителни на планинските превоји на Иматија, Кукуш, Пела и Халкидики.

Снег и потешкотии во сообраќајот има и на планинските делови во централна Грција.

Голем број од училиштата беа затворени во областите на Солун и Серес.

ФОТО: Архива