Пораките на Димитровска се читаат во судница, одбраната негира вина и најавува докази и сведоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во судот беа презентирани пораките разменети меѓу поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, и поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, во кои, според обвинителството, биле споделувани чувствителни информации во текот на предистражната постапка.

Во комуникациите се споменуваат одлуки на Антикорупциската комисија, имиња на обвинители и документи поврзани со конкретни случаи, при што се тврди дека Стојановиќ добивал предвремени информации за постапки што го засегале него и компании поврзани со него.

Обвинителството оценува дека овие дејствија претставуваат откривање службена тајна и можеле да влијаат врз текот на истрагите, при што нагласува дека се презентирани само најрелевантните пораки за случајот.

Од друга страна, одбраната се спротивстави, наведувајќи дека станува збор за одлуки кои биле јавни и дека комуникациите не докажуваат кривично дело. Судскиот процес продолжува, а се очекува во наредните рочишта одбраната да ги презентира своите докази и сведоци.