Поранешниот амбасадор на Косово во посета кај градоначалникот на Чаир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска го прими на посета поранешниот амбасадор на Република Косово во Северна Македонија, г. Ѓерѓ Дедај.

Ганиу го информирал Дедај во врска со ангажирањата што ги презема за да им обезбеди на граѓаните на Општина Чаир прогресивен живот.

“Исто така, на средбата го истакнав фактот дека секогаш сме на услуга на граѓаните, затоа многу активности што сме ги презеле и ги преземаме, особено во модернизацијата на патната инфраструктура, се само за нивно добро“, вели Ганиу.

Како што истакнува Ганиу, со амбасадорот на Косово, се потсетиле и на одличната соработка што Општина Чаир ја има со многу општини на Република Косово, но и со други косовски институции.