Поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили е нов претседател на Грузија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За шести претседател на Грузија е избран кандидатот на владејачката партија Грузиски сон – Демократска Грузија, поранешниот пратеник во парламентот Михаил Кавелашвили.

За Кавелашвили во Парламентот гласаа 224 членови на електорскиот колеџ од 300 избирачи. За да победи во првиот круг, требаше да добие 2/3 од гласовите.

Резултатите од пребројувањето беа директно пренесувани на веб страницата на Парламентот.

Интересно е тоа што Кавелашвили е поранешен фудбалер. Тој настапувал за Динамо Тбилиси, Манчестер Сити, Цирих, Луцерн, Сион, Арау и во некои други клубови. Играл и за селекцијата на Грузија, за која има 46 настапи.