Поранешниот претседател на Јужна Кореја пред судот негираше дека воведувањето воена состојба е бунт

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Поранешниот претседател на Јужна Кореја Јун Сук Јол денеска пред судот во Сеул на првото рочиште негираше дека на 3 декември накратко вовел воена состојба во земјата затоа што сакал да изврши бунт со цел да го поткопа Уставот, за што е обвинет.

Јун влезе во Централниот окружен суд во Сеул преку подземен паркинг за да ја избегне јавноста, а фотографирањето и снимањето не беа дозволени врз основа на судски налог, објави Јонхап.

Поранешниот јужнокорејски претседател се соочува со обвинувања дека водел бунт за време на воведувањето на воената состојба на 3 декември кога војската била распоредена во Националното собрание.