МТСП подготвува предлог со измени на законот за работни односи.
На презентацијата во Кичево пред една недела беше најавено учество на министерката Јованка Тренческа, но таа не дојде ниту даде известување зошто.
Измените на предлог законот за работни односи ги презентираше Ленче Корчевска од кабинетот на министерката.
Таа рече дека меѓу измените, новост е продолжувањето на породилното отсуство за татковците и за мајките. Од 9 месеци колку што беше до сега, со новиот предлог закон, породилното ќе трае 13 месеци.
Родилките по измената на законот треба породилното да го почнат 2 недели пред терминот закажан за породување и тоа ќе биде задолжително.
Се уште не е дефинирано дали породилното отсуство за татковците ќе биде платено 100%, тоа ќе се утврди по завршување на преговорите со МЗ за здравственото покривање, беше речено на денешната дебата. Овие измени, по дискусиите на терен, ќе се достават во Собрание за гласање.
