Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ „упадна“ во изјавата на Димитров

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кандидатот за пратеник и носител на листата од СДСМ во изборната единица 1, Никола Димитров на денешната изјава за медиуми беше прекинат од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој јавно го запраша дали ќе поднесе во Обвинителството да се испита содржината на снимката која деновиве беше објавена на „Јутјуб“, а се работи за наводен разговор меѓу црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ и Зоран Милески – Кичеец.

„Како што гледате почитувани граѓани, имаме и упад во прес-конференција не баре ова е дебата. Ова само покажува уште еднаш дека основната кауза на опозициската ДПМНЕ  е да бега од правда. Овој театар очигледно покажува најпластично зошто упаѓате. Јас пред некој ден кажав дека опозицијата прави шум за да не ја слушнат граѓаните вистинската порака. Еве и на камера како се случува овој шум“, истакна Димитров.