Пошта ќе се приватизира – „Државата не е добар менаџер на јавните претпријатија“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се огласи Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

Премиерот Заев со порака на Фејсбук возврати на денешните обвинувања од страна на Каракачанов.

Тетовчанка сама живее во студентски дом – поради сиромаштијата не може да ги земе децата со неа

Ова е Зана Куќи од Тетово. Таа живее сама во студентски дом во студентската населба. Нејзиниот живот...

Каракачанов: „По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“ (ВИДЕО)

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во изјава за медиумите упати навреда кон македонскиот премиер Зоран Заев истакнувајќи дека...

Интерпелациите не ја плашат Владата – Дали Владата би „преживеала“ ако се гласа за нејзина доверба?!

Власта не ја плашат ниту интерпелациите, ниту гласањето доверба, но од друга страна бараат од опозицијата конструктивност...

Регистрирани 463 нови случаи на коронавирус во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.127 тестирања, регистрирани се 1.022 нови...

Македонска Пошта ќе се приватизира или ќе биде јавно приватно партнерство. Владата презема иницијатива за подготовка на физибилити студија, за потоа да се продолжи со процесот на либерализација на поштенските услуги согласно регулативите на ЕУ.

Премиерот Зоран Заев, вели дека многу јавни институции не успеваат да бидат конкурентни на пазарот

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, одговорен за водење на овој процес, вели дека една од причините поради кои се бара модел за понатамошно функционирање на Пошта е и притисокот од ЕУ за либерализација на пазарот на пошти.

Се уште не се знае дали Пошта ќе се приватизира целосно или ќе се направи Јавно приватно партнерсто. Тоа ќе се дознае по физибилити студијата која, според Битиќи, се очекува да заврши до крајот на годината. Без разлика на тоа, тој додава дека целосното функционирање на Пошта не е доведено под знак прашалник и дека вработените продолжуваат со работа таму.

Веќе со години Пошта е во тешка финансиска состојба. Последниот извештај на Државниот завод за ревизија, покажува дека од 2012 Пошта работи со загуба од околу 10 милиони евра.

Кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19, а потоа и банкротот на Еуростандард банк ја потона уште повеќе при што и беа блокирани банкарските трансакции.

„Тоа значи минус од 110 милиони денари месечно помалку за Пошта на Северна Македонија, што претставува исклучително голем удар.“, рече Рустеми.

Во септември Владата даде одобрување Пошта да бара нова банка, но тоа не се случи. Вицепремиерот Битиќи банкротот на Еуростандард банк не го поврзува со моделот на функционирање на Пошта, но вели дека досега Пошта функционирала по модел кој најмногу им одговарал на барањата на партиите.  

„Тоа што сме го кажале многу пати –  државата не е добар менаџер на јавните претпријатија.“, вели Битиќи.

Дали некој ќе одговара за лошото менаџирање и доведувањето на Пошта во ваква состојба? Вицепремиерот, Битиќи, вели дека за тоа не може да даде одговор Владата туку Обвинителството кое треба да преземе мерки.

.