Поскапување на прехранбените производи – Бектеши: Зголемувањето може да биде максимум 5%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Килограм шеќер 53 денари, литар млеко 52 денари, литар масло 100 денари. Ова се цените на само некои од основните прехранбени продукти во еден маркет во Скопје. Граѓаните постојано се жалат поради зголемувањето на цените на прехранбените производи, меѓутоа од Влада негираат

На прашањето до Влада – како ќе ги заштити граѓаните од покачувањето на цените, министерот за економија, Крешник Бектеши, одговори дека цените зголемени максимум 5%.

Бектеши ги уверува граѓаните дека нема да има поскапување до 31 јануари, рок до кога е предвидено да трае мерката за замрзнување на цените.

Во однос на поплаките за покачувањето на цените, од Владата за ТВ21 велат:

„Во услови на пазарна економија, Владата не ги одредува цените на производите во трговијата, туку тоа е политика на секој трговец поединечно. Она што го може да го направи Владата и го стори е определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и на мало со неколку основни прехранбени производи“

И од Пазарниот инспекторат побаравме одговор дали добиле поплаки од граѓаните, од каде рекоа има неколку пријави, но дека истите не биде утврдени на терен.