Грац беше шокиран во вторник наутро од веста за масакрот во училиште, каде што напаѓач уби 10 лица, а потоа изврши самоубиство, а само неколку часа подоцна имаше нова тревога.
Како што пишува Кронен, само неколку часа по масовното пукање во училиштето , имитаторите го искористиле пукањето како изговор за закани.
Имено, друго средно училиште во Грац добило заканувачки повик во вторник вечерта, изјави Франц Руф, генерален директор за јавна безбедност.
Закана беше упатена и до централната станица во Грац во вторник попладне, пишува Кронен, додавајќи дека истрагите за овие закани се исто така во тек.
За потсетување, најмалку 11 лица ги загубија животите во пукотницата во Грац, вклучувајќи го и напаѓачот. Сторителот најверојатно извршил самоубиство.
