После тешко боледување почина првиот човек на „Подравка“ на 49 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот човек на „Подравка“ и на Здружението на работодавачи на Хрватска, Марин Пуцар, почина на 49-годишна возраст по тешко боледување.

Пуцар својата кариера ја почнал во „Гавриловиќ“, а во „Подравка“ доаѓа во 2001 година каде најпрво е директор на продажба на месните производи за Хрватска и за југоисточна Европа, а потоа го превзема директорското место во 2008 година, кога е именуван за членот на Управата на „Подравка“.

Во „Подравка“ на местото претседател доаѓа во 2017 година. Последните две години оваа компанија бележи рекорден раст на продажба и добивка, а посебно работниците се искажале во време на пандемијата.