Последен #ClickPlus за оваа година: 200 емисии, 500 гости, над 2 милиони гледачи…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Последно издание на дебатниот магазин ClickPlus за оваа година на ТВ21. Во годината која ја испраќаме, бевме исправени пред предизвикот да ја донесеме вистината до гледачите.

Во година на пандемија, на карантини, беше вистински предизвик да се работи во такви услови. Често гостите ги имавме и преку онлајн врска. Направивме 200 емисии, имавме преку 500 гости, над 2 милиони гледачи. Дебатиравме за коронавирусот, за економските последици, за парламентарните избори, потоа за образованието, за бугарско-македонскиот спор… и на сите други актуелни теми.

Ви благодариме на довербата за оваа година. Ви благодариме што бевте со нас. Продолжуваме и следната година заедно со Фатмир Алиу, Борјан Јовановски, Љубиша Цветкоски и Агрон Врангала. Бидете со нас.