Денеска е последниот ден од 2024, ТВ21 беше на плоштадот Македонија за да види како се одвива празничната атмосфера овој ден, какво е расположението кај граѓаните, како им поминала оваа година и што очекуваат од идната.
Младите рекоа дека сакаат повеќе работни места и подобра година.
-Повеќе работни места, поквалитетни работни места, квалитетен кадар итн, вели еден граѓанин.
Граѓаните велат дека во целина годинава поминала добро, но се пожалија за покачувањето на цените, а пензионерите во 2025 очекуваат повисоки пензии.
-Добро, имаме за јадење, не е проблем, само да не биде полошо. Да биде следнава година подобра од оваа а ќе биде онака како што знаеме да направиме самите, вели граѓанин.
-Беше тешка 2024, мислам дека оваа година ќе биде подобра, ќе има покачување на пензиите, бидејќи сум пензионер, вели еден пензионер.
Сите граѓани посакаа здравје, моменти на радост и успешна година.
