Последниот скандал ја падна довербата на граѓаните во здравјето: „Подобро би умрел дома, отколку да одам таму“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неодамнешниот скандал на Клиниката за онкологија загрижи многу граѓани и се изгуби довербата во здравствениот систем. Некои граѓани кои ги анкетираше ТВ21 велат дека претпочитаат да се лекуваат дома наместо да лежат во болници и се сомневаат во терапии што ги добиваат.

„Ова е полошо од некој што те убива со пиштол, затоа што знае дека ќе убие, додека полека не гушат без никој да знае. Само тие знаат што ни даваат со крв и душа“.

„Немам зборови да ви кажам искрено. Земааат од мртви, земаат лекови и ги продавааат , немам зборови.“

„Нема чекање, нема ред.“

„Воопшто не верувам во здравствениот систем бидејќи и мојата сопруга почина од рак и се сомневам дека така се однесувале. Може да се каже дека донекаде беше добро, но сомнително е дека кога го прашав докторот што се случува со жена ми, тој ми рече дека неможеме ништо …“.

„Има ли коментар за ова, ова е најголемиот срам во историјата.“

„Онкологијата ја водат луѓе кои не се адекватни, слушаме многу гласини дека оттаму патувањата што им се потребни на нашите пациенти се носат надвор од Македонија. Со ова губиме многу, повеќе немаме доверба, се плашиме. Подобро да умреш дома отколку да одиш таму“.

За овој случај вчера стотина граѓани протестираа пред Владата. На властите им дадоа еднонеделен ултиматум за правдата. Инаку, токму медиумите открија дека терапии за болни од рак биле украдени и продавани на црно, а на дел од пациентите наместо лекови им бил даден физиолошки раствор.