Последните четири години на ДУИ во власт – одат во опозиција по 16 години, откако отворија фронт со сите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Беше лето и многу беше жешко. А жешко беше и во политиката. Изборите во време на пандемијата, со маски и протоколи, завршија. Беше време да се формира новата Влада. Како што се очекуваше партнерството ДУИ-СДСМ продолжи, иако во текот на изборната кампања имаа меѓусебни преписки.

Јас ве уверувам дека таква радост нема да доживеете и насмевката ќе им се симне од уста на 15 јули“, вели Али Ахмети.

И навистина во 2020 година ДУИ не отиде во опозиција. По долгите преговори, се договорија да имаат уште еден заеднички мандат, при што беше прифатено барањето на ДУИ за премиер Албанец, но само во последните 3 месеци на Владата.

Во ДУИ имаше и различни ставови за имињата кои се предлагаа за во Влада.

Ќе гласам за Владата со лични забелешки кои ги имам за дел од членовите на извршната власт. Тоа е внатре партиска дебата во ДУИ“, вели Изет Меџити.

Но и покрај незадоволствата внатре партиските ограноци, Ахмети не се предомисли.

ТВ21: Имињата остануваат исти во вашиот состав што го претставивте како опција?

А.А.: Остануваат истите, нема измени

Овие беа министрите кои Али Ахмети ги предлагаше за Владата Заев2. На нивно чело беше  Артан Груби со дотогаш нечуена функција – прв вицепремиер.

Јас вчера му кажав на премиерот Заев дека веќе сме едно. Сме едно колективно тело и ќе одлучиме заедно“, вели Артан Груби.

Оваа изјава на бројот два на Владата, предизвика уште поголема внатрепартиска дебата кај ДУИ.

ТВ21: Дали постојат очекувања ДУИ и СДСМ да станат едно?

Блерим Беџети: Не, не… Кој и да кажал такво нешто тоа го кажал или од мерак или од незнаење.

Фракцијата на незадоволните во ДУИ веќе доби и име.

ТВ21: Дури во јавноста групата има и име „Огнена Група“…

Блерим Беџети: Не знам… не знам… искрено не знам…

ТВ21: Но вие се насмеавте!

Блерим Беџети: Името ми изгледа интересно…    

По 100 дена во Влада, од почетокот на 2021 година, од собраниската говорница, Изет Меџити, почна да бара отчет за дадените ветувања во текот на изборите. Необично за нашето секојдневие, да се бара отчет од сопартиец.

Не е добро што ниту едно од тие ветувања за првите 100 дена не е реализирано. Сметам дека треба да се делуваме и ветувањата кои ги даваме да ги реализираме за да излеземе со чист образ пред нашите граѓани“, порача Изет Меџити.

Со критики или не, владеењето продолжи. Проблемите и предизвиците беа многубројни. Прва беше економската – енергетска криза како последица на пандемијата. А потоа многубројни критики за незавршувањето на патото Скопје-Блаце, повторното проектирање на Коридорот 8, неразвиените индустриски зони, недостигот на учебници. Потоа два други удари кои доаѓа од новинарските истражувања беа скандалите со модуларната болница и Државна лотарија.

Од друга страна, во ДУИ, тие кои беа најгласни во артикулирањето на незадоволствата беа Муса Џафери, Блерим Беџети, Невзат Бејта и Изет Меџити. Но тие тргнаа по различен пат. Џафери, Беџети и Бејта останаа во ДУИ, а едниствениот кој сам го продолжи патот, со неколкумина други сопартици, беше Меџити, кој ја формираше партијата Демократско Движење.

Одлучивме да не одиме дома туку да направиме ново политичко движење, новото Демократско движење“, вели Изет Меџити.

Но, работите не одеа добро за ДУИ само внатре во партијата. Отвори фронт и со другите партии, двете најголеми македонски партии, партнерот во последните 7 години, СДСМ и нејзиниот поранешен партнер, ВМРО-ДПМНЕ.

Последниве години „борбата“ со ВМРО беше поизразена, се подразбира како две владејачко-опозициски партии, но неодамна работите почнаа да се вжештуваат и со СДСМ. Социјалдемократите, поради компромисите за одржување на мнозинството, им отстапија многу ресори, со што ДУИ изгледаше како дека е лидер на Владата, обвинување кое СДСМ секојдневно го добиваше од ДПМНЕ, која ја нарекуваше Владата „ДУИ“.

ДУИ како предодник на Европскиот Фронт оди во опозиција по 16 години во различни Влади, и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ.