Постигнат договор за учениците од Велес, гимназијата „Кочо Рацин“ ќе има 2 паралелки на албански јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две паралелки на албански јазик во гимназијата Кочо Рацин во Велес ќе бидат отворени. Во нив ќе се запишуваат ученици со над 50 поени, а другите кои не ги исполнуваат поените предвидени со закон, ќе треба да се запишат во економското училиште во албанската паралелка, вели директорот на Инспекторатот за образование, Халит Ферати кој очекува целиот овој процес да заврши што побрзо со цел да не се одолговлекува уште повеќе образовниот процес на децата.

-Имаше одлука на Советот на општина Велес за која би рекол донекаде е отфрлање на одлуката на министерот да се отвори паралелката, или подобро кажано противење на конкурсот за пријавување на ученици. Во ниту еден конкурс не може да се случи по завршувањето на конкурсот за пријавување дури и носителот на функцијата во конкретниот случај директорот, или министерот, најмалку советот на општината, по завршување на конкурсот да донесе одлука за намалување на паралелки и во него во исто време се дискутира за листа на ученици кои треба да се примат. Ова се случи само во општина Велес-рече Халил Ферати, директор на Инспекторат за образование.

Шаќири објаснува дека поради критериумите потребни при пријавувањето во средно училиште ќе се примаат деца кои се со над 50 поени и некои со 49.

„Очекувам утре дефинитивно да ги повикаат родителите и во најбрз можен рок децата да тргнат во истата гимназија. Останатите што остануваат под точките што не се, 3 или 4 деца, ќе продолжиме да комуницираме со нив, но ќе инсистирав заради целиот овој процес сите да го поддржиме да се отвори другата паралелка која е во економското средно училиште“, рече Шаќири.

Проблемот во велешката гимназија се создаде на првиот училишен ден, 1 септември, кога 16-те ученици Албанци примени во гимназијата ги напуштија просториите на училиштето откако Советот на општина Велес ја отфрли одлуката на Министерството за образование за 2 паралелки на албански јазик.