Постои ли можност за зголемување на бројот на лица од Авганистан, кој треба да пристигнат во македонија?
На ова прашање министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 посочи дека тие одлучуваат колкав ќе биде бројот на овие лица.
„Не станува збор за голема бројка и не очекувам дека можеме да ја зголемиме повеќе, иако ние одлучуваме за тоа која ќе биде бројката на лица кои можеме да ги сместиме тука“, вели Спасовски.
