Потврдено несоодветно лекување на Онкологија: На пациенти воопшто не им била давана препишаната терапија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скандалот со Онкологија денеска беше една од темите на брифингот на Јавното обвинителство, на кој присуствуваше и репортерот на ТВ21.

Елена Ивановска-Милевска, која е надлежен обвинител за предметот кажа дека извештаите од Србија покажале дека имало несоодветно лекување.

„Почнавме од нула без кривична пријава, со отворањето на истрагата гледаме повеќе аспекти, еден од нив беше медицинско вештачење како биле третирани и лекувани пациентите. Издадовме наредби за вештачење. Во нашава држава нема таков, и го правевме во Србија и во Словенија. Испративме истории околу 16 во Србија и тоа е готово, има 51 историја во Словенија, тоа се уште не е готово и таму имаме прелиминарен извештај дека до крај на јануари ќе биде готово. Потврдено е несоодветно лекување според извештаите добиени од Србија. Се сомневаме на некои пациенти дека воопшто не им е давана терапија, иако на нивно име им била препишувана“, кажа Ивановска-Милевска.