Повеќе мажи отколку жени, нема родова еднаквост меѓу кандидатите за градоначалници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Застапеноста на жените на претстојните локални избори, особено кога станува збор за кандидатки за градоначалнички од албанските партии е многу мала. ДУИ ќе се трка со 35 листи за советници и 19 кандидати за градоначалници, а меѓу нив само Теута Арифи е кандидатка жена која ќе се обиде да добие уште еден мандат за Тетово. Но, од партијата на Ахмети се правдаат со бројката на жените за носители на листи.

-Ве информираме дека ДУИ ќе се трка со вкупно 35 листи на кандидати за општински совети, а со кандидати за градоначалници ќе се трка во вкупно 19 општини. Во 6 општини – Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово носители на листите за општински совети ќе бидат жени-вели Биљали.

Потпретседателката на ДПА, Фатмире Исаку, во текот на конференцијата организирана на тема „Жените во надворешната политика“ истакна дека на претстојните избори има минимален број кандидатки за градоначалнички. ДПА ќе настапи со само една кандидатка од вкупно 14 имиња, а тоа е Рената Елези која ќе се бори за Гостивар.

-Од вкупниот број над 260, бројот на жените е 19. Застапеноста е ниска, иако имаме одредени квоти, сепак немаме за градоначалнички. Така што ние имавме кандидати, носители на листи, но прашањево е поврзана со актуелната тема за која дебатираме на конференцијава. Можеби за локалните избори ќе имаме прилика да поразговараме, меѓутоа застапеноста на жените не е таква каква што треба да биде. Бројот е исклучително мал“, рече Исаку.

Коалицијата АА-ААА од вкупно 15 кандидати, нема ниту една кандидатка. Истиот случај е и со Движењето Беса, чии сите кандидати се мажи.