Повеќе од 150.000 граѓани се потпишаа на петицијата да му се одземе канадското државјанство на Илон Маск

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Елон Маск досега. Петицијата беше покрената во канадскиот парламент бидејќи американскиот милијардер стана близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, кој постојано се закануваше дека Канада ќе ја направи 51-та американска држава.  

Маск е роден во Јужна Африка и има канадско државјанство преку неговата мајка, која е од Реџина, град во канадската провинција Саскачеван.

Во петицијата се вели дека Маск „се ангажирал во активности кои се спротивни на националниот интерес на Канада“.