Најголем број на заразени и натаму е САД кој има вкупно 502.876 случаи, а земјате е рекордер и по бројот на смртни случаи за само 24 часа. Според податоците од Универзитетот „Џон Хопкинс“, во последните 24 часа починале 2.108 луѓе, што е најголем дневен пораст од почеток на епидемијата.
Само државата Њујорк има повеќе заразени од било која земја на Светот.
И покрај овие бројки, по бројот на починати најмногу има во Италија 18.849, но САД сега има 18.747 жртви, Шпанија 16.081 и Франција 13.197.
